четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миноски: Во Битола Бугарија демонстрираше моќ и покажа дека нема да ја менува политиката кон Македонија

Миноски: Во Битола Бугарија демонстрираше моќ и покажа дека нема да ја менува политиката кон Македонија

Овој настан беше добро смислен чин кој требаше да даде едно обележје на бугарската политика кон Македонија, тоа е повеќе демонстрација на моќ, дека Бугарија е во положба кога може да ги наметнува своите интереси и на тој начин да се престави пред македонската јавност, но и пред меѓународниот фактор, изјави за „Што не јасно“ на Алфа историчарот професор Михајло Миноски, за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Тој рече дека ова беше обид на Бугарија да покаже дека тоа што во целиот изминат период откако е членка на ЕУ следи континуирана политика и дека нема што да менува особено во политиката кон Македонија.

За изборот на името на бугарскиот клуб во Битола, „Ванчо Михајлов“, тој вели дека е добро смислено затоа што Михајлов се залагал за држава на македонски Бугари кои припаѓаат на бугарскиот етнос и дека со неговото делување тој се уште е значаен и употреблив за Бугарија.

-За изборот на Ванчо Михајлов, тоа е добро смислена програма која има континуитет во манифестациите затоа што Ванчо Михајлов наспроти она што е кај нас организатор на атентати и убиства, тој за Бугарија и бугарската политика има поголемо значење, како никоја друга историска личност. Ванчо Михајлов се покажа како многу вешт дипломат и важна личност за Бугарија и нивните бугарски служби. Како идеен творец за бугарската кауза, оваа осмислена национална бугарска доктрина е актуелна кај бугарските власти, истакна Миноски.

Миноски посочи дека и сега е актуелна таа доктрина, велат дека во Македонија населението е бугарско, дека нема македонски јазик, значи ништо не се разликува сегашната доктрина од таа на Михајлов.

-Затоа дојдоа од Бугарија и од владата и опозицијата на едно место, тоа беше демонстрација на моќ и дека тие може да доаѓаат кога сакаат и да прават што сакаат. Ќе беше изненадување да не дојдеа, нагласи Миноски.

Најнови вести