четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кавадарци домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија

Кавадарци домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија

Ракометната федерација на состанокот на Управниот одбор ја потврди одлуката Кавадарци да биде домаќин на Купот на Македонија. Во салата „Јасмин“ од 13 до 15 мај ќе се одигра завршницата и „фајнал-фор“ турнирите во машка и женска конкуренција.

Кај мажите во битката за трофејот се Вардар 1961, Бутел и двете битолски екипи Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Од друга страна, кај дамите ќе се судрат ЖРК Куманово, ЖРК Чаир, Ѓорче Петров и ЖРК Металург. Вардарци и кумановчанки се бранители на ланските титули.

„Купот на Македонија сме го организирале во различни градови ширум државата, а годинава од раководството на Тиквеш и градот Кавадарци донесовме одлука баш тие да бидат домаќини на овој настан. Веруваме дека ова е најдобра опција во моментов“, изјави генералниот секретар на федерацијата Филип Милошевски.

Пред одигрувањето на финалето, ќе се одигра ревијален натпревар во кадетска конкуренција, во чест на Марио Божиновски, младиот ракометар на Бутел кој прерано почина. На ревијата ќе се надиграат кадетите на Бутел Скопје, државни прваци на Македонија, и кадетска репрезентација, во која ќе настапат ракометари од другите клубови.