петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Првиот уапсен обожавател на Мундијалот е жена

Првиот уапсен обожавател на Мундијалот е жена

Првиот уапсен фан на Светското првенство во фудбал во Русија се покажа жена од Перу, и тоа не за хулиганство на стадионите, туку за кражба на кеса, пишува „Р-Спорт“.

– Четириесет-годишна перуанка пристигнала во Русија со пријателите за Мундијалот 2018 и во моментов е во притвор под обвинение за кражба. Таа е во привремениот центар за задржување во „Петровка 38“, прокоментира извршниот секретар на Комисијата за јавен надзор во Москва, Иван Мелников.

Токму предметната жена е првиот странски навивач уапсен на Мундијалот 2018, но таа не создава проблеми и нема никакви поплаки.