Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Летонија изјави дека Германија ќе обезбеди обуки и одржување за потребите на украинската армија, пренесува Си-Ен-Ен.
-Додека другите партнери сега обезбедуваат воена помош, Германија ќе помогне со обука и одржување, рече Бербок додавајќи дека Германија во овој миг нема на располагање оружје што би можело веднаш и без одлагање да биде испратено во Украина .
Бербок на прес-конференција со нејзиниот летониски колега Едгарс Ринкевичс, рече дека Германија одлучила да не објавува јавно какво оружје претходно испратила во Украина.
-Испративме противтенковско оружје, стингери (проектили за противвоздушна одбрана и многу други оружја за кои не зборувавме јавно, рече Бербок. (МИА)