четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Ерик Тен Хаг нов тренер на Манчестер Јунајтед

ОФИЦИЈАЛНО: Ерик Тен Хаг нов тренер на Манчестер Јунајтед

Ерин Тен Хаг е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед откако предводникот на Ајакс се согласи да долгогодишна соработка со клубот од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг потпиша договор со Јунајтед до јуни 2025 со можност за продолжување на уште една година.

Фудбалскиот директор на Црвените ѓаволи Џон Муртоуг најави дека со новиот тенер клубот ќе продолжи да негува офанзивен и атрактивен фудбал, а ќе им дава и шанса на младите од академијата.

-Ми претставува огромна чест и многу сум возбуден за предизвикот кој ми претстои. Добро ја познавам историјата на овој неверојатен клуб кој има неверојанти навивачи и решен сум да го вратам Манчестер Јунајтед на успешните патеки, изјави Холанѓанецот.

Тен Хаг ќе започне со работа во Јунајтед по завршување на сезоната во Холандија, а ова лето се очекува да направи сериозен ремонт на првиот тим од кој најверојатно ќе си заминат десетина играчи, меѓу кои Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата, Фил Џонс, Џеси Лингард, Едисон Кавани и резервниот голман Дин Херндерсон.

Манчестер Јунајтед на пет кола до крајот на сезоната во Премиер лигата е на шестото место со три бода помалку од четврто пласираниот Тотенхем кој има еден натпревар помалку.

Инаку, актуелниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Ралф Рангник останува на клупата до крајот на оваа сезона.