На 26-ти јануари во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје животот го загуби 76-годишниот С.А.
Булеварот го преминувал на пешачки премин каде беше удрен од автомобил марка Бе-ем-ве со кумановска регистрација.
До ден денес, правдата во овој случај чека барем еден чекор до разврска. Но, случајот, од непознати причини тапка во место.
По трагедијата, телото беше предадено на обдукција, а обвинителот нареди да бидат обезбедени снимките од видео надзорот на околните објекти за да се утврдат причините за несреќата.
Цели три месеци истрагата е на исто ниво како и на денот на несреќата.
Нема обвинение за сторителот иако уште истиот ден во јавноста беше обелоденет нејзиниот идентитет.
КУРИР дознава дека доказите за овој случај се прибрани и причините за смртта се јасни од првиот ден. Наши извори брифираат дека доказен материјал уште се собира, но одбија да ни одговорат кои се резултатите од анализата на крв и урина кои беа направени кај жената која го управуваше автомобилот кој го усмрти скопјанецот.
Сега загинатиот С.А. беше нечиј татко, нечиј дедо, пријател, сосед… Правдата во овој случај, како и во останатите, треба да биде што поскоро задоволена.