На 20.04.2022 околу 20:20 часот, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „мазда 6“, со бугарски национални ознаки, но возилото не застанало и продолжило со движење.
Набргу потоа, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 8 лица мигранти (4 од Пакистан и 4 од Сирија).
Возилото било одземено, а мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.