понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалник: Во село близу Мариупол пронајдени масовни гробници

Градоначалник: Во село близу Мариупол пронајдени масовни гробници

Масовни гробници се пронајдени во село во близина на Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

Тој ги потврди информациите дека се откриени „ровови“ во селото Мануш во областа Доњецк и тврди дека руските сили ги собрале телата во камиони и ги фрлиле таму.

Говорејќи преку видео врска од непозната локација, тој рече дека „руските војници ги бришат своите злосторства“.

-Ова е втора недела по ред како се е целосно затворено. Никој не смее да влезе. Тие вршат расчистување. Тие ги прикриваат злосторствата извршени од Руската Федерација во Мариупол, рече тој.

-Според нашите проценки, повеќе од 20.000 цивили беа убиени во непријателските артилериски и ракетни напади на улиците на нашиот град, додаде тој.  (МИА)