четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возел патници во комбе, а немал лиценца – кривична за маж од Гостивар

Возел патници во комбе, а немал лиценца – кривична за маж од Гостивар

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.

На 18.04.2022, при контрола во патниот сообраќај извршена на ул.„8 Септември“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување комбе „форд“, со гостиварски регистарски ознаки, при што утврдиле дека врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен државен орган.