Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Словенија, Јанез Јанша, при што тој се заблагoдарил на Словенија за јасно укажаната поддршка за суверенитетот и триторијалниот интегритет на Украина.
Државниот секретар ја истакнал потребата од силна одбранбена асистенција во одговор на бруталната војна на Русија, изјави портпаролот Нед Прајс.
-Тој ги осуди страшните злосторства извршени од руските сили во својата непровоцирана и неоправдана војна против Украина, и ја истакна потребата да се бара одговорност од Москва.
Блинкен и премиерот Јанша дискутирале и за словенечката кандидатура за членство во Советот за безбедност на ОН во 2024-2025 година.
-Секретарот го повтори убедувањето на САД дека Словенија е мошне добро квалификуван кандидат кој, ако биде избран, ќе биде кредибилен глас за учество во одржување на меѓународниот мир и безбедноста, истакна Прајс. (МИА)