четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз ја доби битката со Циципас и ќе игра полуфинале во Барселона

Алкараз ја доби битката со Циципас и ќе игра полуфинале во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја доби големата битка со Стефанос Циципас (6-4, 5-7, 6-2) и се пласира во полуфиналето на турнирот во Барселона.

Младиот шпански ас поведе, а потоа дозволи Гркот да се врати во игра. Вториот сет му припадна на петтиот светски рекет, кој по долга борба стигна до 7-5.

Следуваше ново добро издание на Алкараз, кој успеа рано да направи брејк, а потоа истиот да го потврди во одлучувачкиот сет. Публиката имаше причина за радост, бидејќи големата надеж на шпанскиот тенис немаше големи проблеми до крајот на мечот.

Алекс де Минуар ќе го предизвика Алкараз на патот до финалето, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Диего Шварцман и Пабло Карено Буста.