четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи ќе биде неносител пред ждребката за европските натпревари

Шкупи ќе биде неносител пред ждребката за европските натпревари

Новиот македонски фудбалски првак Шкупи веќе го стави фокусот кон Европа. Поради слабиот коефициент, чаирчани ќе бидат неносители. Иако играа во Европа во изминатите четири сезони, сепак, не се направи некој позначителен успех, со исклучок на минувањето на едно коло во Конференциската лига лани, настапите беа завршени уште во првата фаза.

За разлика од претходните години, Шкупи оваа година го чекаат најмалку четири европски меча. Испаѓање во Лигата на шампионите го носи клубот во Конференциската лига.

На ждрепката Шкупи ќе биде неносител, во моментов таму се уште Класвик од Фарски Острови, Тобол од Казахстан, Рига од Летонија, Динамо Батуми од Грузија, како и шампионите на Полска, Албанија, Малта и Косово. Меѓу носителите сигурно место засега имаат грчкиот шампион, Малме од Шведска, Лудогорец од Бугарија, Бодо Глимдт од Норвешка, Слован Братислава од Словачка, ХЈК Хелсинки од Финска и ТНС од Велс. Останатите позиции допрва ќе се одредуваат, кога ќе бидат познати шампионите на земјите.

Ждрепката за првото квалификациско коло на Лигата на шампионите е закажана на 14 јуни. Првите мечеви се играат на 5/6 јули, реваншите се закажани на 12/13 јули.