четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фирмино ќе остане на „Енфилд“

Фирмино ќе остане на „Енфилд“

Бразилскиот напаѓач Фирмино моментално води преговори со премиерлигашот околу нов договор.

Последните информации од Англија велат дека и покрај големата конкуренција, офанзивецот планира да остане на „Енфилд“.

30-годишникот ги брани боите на премиерлигашот во изминатите седум години. Во 2015 година се раздели со Хофенхајм, за да потпише со еден од најголемите англиски клубови.

Фирмино одигра 320 натпревари за Ливерпул, постигна 98 гола и додаде 73 асистенции.