четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон: Не сум повеќе во трката за титула

Хамилтон: Не сум повеќе во трката за титула

Луис Хамилтон имаше нов ден за заборав на последната трка возена на легендарната патека „Имола“.

Макс Верстапен победи пред својот клупски колега Серхио Перез, а возачот на Мерцедес мораше да се задоволи со тринаесеттатта позиција. Тоа за него значи дека ги загуби сите шанси да се бори за титулата оваа година.

„Тешко ми е и не знам што да кажам. Немам сомнеж дека не сум повеќе во трката за титулата. Ова беше уште еден викенд за заборав. Му се извинувам на тимот, видов дека барем Џорџ освои неколку поени“, порача 37-годишникот.