четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

109 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

109 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (25 април) од 14 до 20 часот, спровеле акциска контрола во која биле изречени вкупно 109 мерки за пребрзо возење (ТЕ-35 и ГВ-74).Триесет и пет од мерките (ТЕ-6 и ГВ-29) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 4 (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за повеќе од 70 киломатри на час.

Во контролата биле санкционирани и 74 возачи (ТЕ-33 и ГВ-41), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 3 (ГВ) за повеќе од 50 километри на час.Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 10 други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-8).