четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гундоган: Модриќ е волшебник, против Челзи ме остави без зборови

Гундоган: Модриќ е волшебник, против Челзи ме остави без зборови

Централниот спортски настан во вторник ќе биде првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Тимот на Пеп Гвардиола и оваа сезона блеска, повторно важи за еден од главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите, но сега пред себе ја има најтешката можна задача. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган е свесен за квалитетот на мадридскиот тим, а особено го пофали Лука Модриќ, кој игра фантастично и оваа сезона.

„Лука сè уште е волшебник. Неговата асистенција до Родриго во последниот натпревар од Лигата на шампионите ме остави без зборови. Начинот на кој игра… Секогаш делува мирно и лесно. Кога ја освои „Златната топка“ бев многу среќен, бидејќи конечно доби играч кој игра на мојата позиција. Тој и Тони Крос вршат одлична работа, со години се многу важни за Реал, и тоа под различни тренери“, изјави Гундоган.

Реал Мадрид во елиминационата фаза во Лигата на шампионите ја покажа својата моќ со нокаутирањето на ПСЖ и Челзи. Во второто полуфинале ќе се сретнат Ливерпул и Виљареал, а првиот натпревар ќе го играат в среда на „Енфилд“.