Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го пронашле З.С.(50) од с.Зелениково, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот.
Како што информира МВР лицето било пронајдено околу полноќ на патот за Марков манастир.
-Имено, околу 22.30 часот во Полициската станица Драчево З.С.(55) од с.Зелениково пријавил дека неговиот 50-годишен брат, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од дома, велат од полицијата.
По пронаоѓањето, лицето било однесено во Полициската станица Драчево и било предадено на семејството.