четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајден скопјанецот кој беше пријавен дека се оддалечил од домот

Пронајден скопјанецот кој беше пријавен дека се оддалечил од домот

По преземени мерки и активности, на 27.04.2022 во 00.05 часот, на патот за Марков манастир, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го пронашле З.С.(50) од с.Зелениково, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот.

Имено, околу 22.30 часот во Полициската станица Драчево З.С.(55) од с.Зелениково пријавил дека неговиот 50-годишен брат, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од дома.

По пронаоѓањето, лицето било однесено во Полициската станица Драчево и било предадено на семејството.