четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Шокиран сум, човекот се бори за својот живот“ – се огласи директорот на болницата во која се наоѓа Рајола

„Шокиран сум, човекот се бори за својот живот“ – се огласи директорот на болницата во која се наоѓа Рајола

Кусо време по објавување на информацијата дека Мино Рајола починал во една италијанска болница, стигнува демант од првиот човек на клиниката.

Алберто Цангрилјо реагирал поради лажната вест објавена од италијанските медиуми, а која потоа очекувано стана топ вест во глобални рамки.
-Шокиран сум од однесувањето на псевдо-новинари кои шпекулираат со состојбата на човек кој се бори за својот живот, изјавил Цангрилјо.