Најдобриот стрелец на Светското првенство во 2014 година, Колумбиецот Хамес Родригез ја заврши својата авантура во Катар.
Родригез е подготвен да го напушти Ал Рајан и да се врати во Европа. За овој клуб Колумбицот не настапил од 5.март. Родригез поради повреда не игра за Ал Рајан, меѓутоа се шпекулира дека тој намерно не сакал да игра.
Медиумите во Јужна Америка објавија дека Родригез од наредната сезона повторно ќе игра во Премиер лигата и тоа во екипата на Вест Хем.