Новинарот на Би Би Си , Гај де Лони опишувајќи ја ситуацијата во грчкото село Нивици каде што вчера беше потпишан договорот за името меѓу Македонија и Грција вели дека наликувала на свадба, објавува Експрес.
На тоа наведувал и белиот шатор подигнат на брегот на питорескното преспанско езеро.
-Едниот од учесниците се согласи да го смени своето име, пишува балканскиот коресподент во информацијата за договорот со кој Македонија ќе стане Северна Македонија.
Насловот на текстот е „Спорот со македонското име: Премиерите гледаа како министрите потпишуваа историски договор“ (Macedonia name dispute: PMs watch as ministers sign ‘historic’ deal)
Освен прикриениот британски хумор кој наведува на дилемата зошто не премиерите туку министрите потпишале договор кој што е историски, интересно е и тоа што зборот историски во насловот е ставен во наводници што алудира дека и за британскиот јавен сервис има нешто спорно во начинот на кој е „решен“ спорот за името.