Најавените поројни дождови не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки, а кај помалите реки и суводолици можно е брзо зголемување на водостојот и локални излевања доколку има силни интензивни врнежи.
Во градските средини доколку нестабилноста биде во форма на невреме со дожд, град и ветер можно е слевање на водата по градските улици и подвозниците. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека при појава на силен ветер кај природните езера можна е и појава на бранови.
Се препорачува внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде во текот наредните два дена се најавуваат поројни врнежи од дожд.
МИА