Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно.
LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“.
Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва.
Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне.
Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа.