вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Беше на раб на криминал, го тепале во училиште, го паметат по скандалите со жени: Кој е Карим Бензема во реалноста?

Беше на раб на криминал, го тепале во училиште, го паметат по скандалите со жени: Кој е Карим Бензема во реалноста?

За неговиот професионален живот и магија која ја изведува на терен знаеме речиси сè, но малку е познато дека напаѓачот на Реал Мадрид имал тежок живот додека бил млад.

Дека е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, а моментално дефинитивно најдобар, францускиот фудбалер Карим Бензема покажал во текот на нокаут фазата во Лигата на шампионите во која досега постигнал дури девет голови.

Бил на раб на криминал

Карим потекнувал од семејство на бегалци од Алжир кои живееле во комуна во Лион. Приказната за неговото растење е полна со неволји, а медиумите пишувале и дека неговото комуницирање со локалните банди го довело до тоа да биде на раб до криминал.

Меѓутоа, неговиот татко и неговата дисциплина внеле големи промени во однесувањето на Бензема и токму тој го спречил својот син да се „забавува со проблематичните соседи“. Одлучил да го запише во Католичко училиште каде Карим на почеток не бил добро прифатен.

Имал многу проблеми во интеракцијата со другите деца со оглед на неговото алжирско потекло, па се чувствувал дискриминирано. Исто така тој бил дебел и имал проблеми со притисокот, а поради својот изглед останатите деца од училиштето го малтретирале.

Тоа било еден вид на пресврт, поради тоа што Бензема станал подобар. Започнал да слабее, ги променил навиките кога станува збор за исхраната, а пријателите му дале прекар Коко кога почнал да игра фудбал во раната младост. Својата фудбалска кариера ја започнал на осум години во клубот Брон Рераилон, а вниманието во Лион го привлекол кога дал два гола во 10 натпревари. Тие веднаш сакале да го купат, но тогашниот претседател на Брон одбил.

Потоа челниците на Лион разговарале со родителите на Бензема и договорот бил склучен, а Карим се преселил во познатиот и поголем клуб од градот. Тука стекнал голем успех и така започнала неговата прекрасна фудбалска кариера.

Скандал со малолетната Захиа

Неговиот прв јавен флерт бил со Захиа Дехар, француско-алжирска дизајнерка на долна облека. Таа имала 16 години кога се забавувале, но лажела дека има 18. Бензема ѝ плаќал авионски карти кога и да ѝ биле потребни.

Последиците на аферата биле кога Бензема и Рибери морале да одат на суд. Се пишуваше и дека таа се занимавала со проституција, а од споменатите фудбалери зела и до 2.000 евра.