среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски започна платформа за собирање средства за помош на Украина

Зеленски започна платформа за собирање средства за помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата.

– Со еден клик можете да донирате средства за заштита на нашите бранители, спасување на нашите цивили и обнова на Украина, истакна Зеленски, најавувајќи го покренувањето на платформата „Јунајтед24“ (United24).

Тој додаде дека сите средства ќе бидат префрлени во Народната банка на Украина и доделени на надлежните министерства.

Зеленски наведе три области за кои ќе се користат собраните средства: одбрана и деминирање, хуманитарна и медицинска помош и обнова на критичната инфраструктура.