недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намален водостојот на Охридското Езеро

Намален водостојот на Охридското Езеро

За два сантиметра е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за мај. Пониско од просечното и тоа за 1,79 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека на Дојранското Езеро е за 2,71 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава и речиси сите бележат намалување на нивото во споредба со вчера. Исклучок е реката Црн Дрим, на мерното место кај Ложани, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, а исто со вчерашното е нивото на реките Бабуна на мерното место кај Богомила, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево.

Најнови вести