Седум навивачи на Лестер се уапсени поради напад врз обезбедувањето на стадионот „Олимпико“ во Рим за време на вчерашниот реванш полуфинален натпревар против Рома во Лига Европа.
Приведените навивачи се обиделе да го пробијат заштитниот кордон за да се пресметаат со навивачи на Рома, кои врз нив фрлале разни предмети. Во својот обид англиските навивачи нападнале неколкумина редари, кои се обидувале да ги спречат во намерата.
Во инцидентот се повредени шест редари и петмина полицајци.
Уапсените навивачи на Лестер се на возраст од 23 до 46 години.