четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Жарко Пешевски желба на Еурофарм Пелистер

Жарко Пешевски желба на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер не ја крие желбата да донесе квалитетни домашни засилувања за наредната сезона, а на врвот на листата со желби од актуелните македонски репрезентативци се наоѓа Жарко Пешевски.

Битолчани веќе договорија еден пивот за наредната сезона, рускиот репрезентативец Денис Василев, но тоа не значи и откажување од намерата за потпис со Пешевски. Покрај Василев, „пелистерци“ потпишаа договори и со словенечкиот голман Лесјак, тунискиот бек, Хосни, потоа и со Португалецот Дејвис и Французинот Сери.

Веќе е договорена и преселбата на најмалку двајца ракометари од Еурофарм Пелистер 2, перспективните Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски, а не се исклучува можноста и бројот на млади играчи од „двојката“ во првиот тим дополнително да се зголеми.