среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арон Ван Бисака заминува во Рома

Арон Ван Бисака заминува во Рома

Италијанскиот фудбалски клуб Рома се пласираше во финалето на Конференциската лига на УЕФА победувајќи го Лестер и во Тирана во мечот за пехарот ќе се сретне со Феенорд, а Жозе Мурињо веќе го планира составот на тимот и за следната сезона.

Според медиумите на Островот, десниот бек на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака ова лето ќе пристигне во Рома. Тој треба да му се приклучи на Немања Матиќ кој исто така заминува од Јунајтед, но како слободен агент.

24-годишниот фудбалер дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2019 година од Кристал Палас за 55 милиони евра. Сепак, тој не ги оправда огромните инвестиции, па се чини дека позајмица во римскиот тим е идеално решение за сите страни.