четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба пред трансфер во Манчестер Сити?

Погба пред трансфер во Манчестер Сити?

Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба е на излезните врати во Манчестер Јунајтед, бидејќи неговиот актуелен договор истекува ова лето па поради тоа постои голем интерес од сите светски клубови.

Според пишувањето на англискиот „Гардијан“, Французинот би можел да продолжи со својот фудбалски пат во Манчестер, но на другата страна на градот.

Сити е спремен да го доведе Погба во своите редови, бидејќи Пеп Гвардиола сака засилувања на средината од теренот. Доколку дојде до такво нешто, Погба ќе мора да се сложи на пониска плата на „Итихад“, а овој трансфер од едниот Манчестер во другиот, би бил прв по 2009 година и преодот на Карлос Тевез.