среда, 20. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украинска армија предупредува на можни руски ракетни напади

Украинска армија предупредува на можни руски ракетни напади

Украинската армија денеска предупреди, непосредно пред почетокот на руската парада за Денот на победата во Москва, дека постои „голема веројатност од ракетни напади“ и оти руските војници во областите во Запорожје, кои се под контрола на Москва, почнале да одземаат лични документи на локалното население, без да наведат причина.

Како што пренесе Бета, Украина соопшти дека руските војници запленуваат документи за да го принудат локалното население да учествува на церемонијата по повод Денот на победата.

Во соопштението се наведува и дека Русија распоредила околу 19 тактички групи во руската област Белгород, веднаш до границата.

Тие веројатно се состојат од околу 15.200 војници со тенкови, ракетни батерии и друго оружје, се вели во соопштението.