понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Река исфрли тело на нуркач во врвна опрема и кокаин, австралиската полиција започна истрага

ФОТО: Река исфрли тело на нуркач во врвна опрема и кокаин, австралиската полиција започна истрага

Австралиската полиција започна истрага откако крај безживотното тело на нуркач во Нов Јужен Велс, пронајдени се 50 килограми непозната супстанца.

Реката Хантер го исфрлила телото на брегот, близу Њукасл, а за супстанцата се верува дека е кокаин, чија вредност на црниот пазар достигнува до околу 20 милиони австралиски долари, или 14 милиони американски долари.

– Се обидуваме да утврдиме дали има поврзаност меѓу двата инцидента. Можеби има, но, ние водиме истрага со отворен ум за можните опции, изјави детективскиот полициски началник на Нов Јужен Велс, Роберт Кричлоу.