понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов Зеланд целосно ги отвора своите граници на 31 јули

Нов Зеланд целосно ги отвора своите граници на 31 јули

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн рече дека земјата целосно ќе ги отвори своите меѓународни граници на 31 јули, а од тој ден можат да пристигнуваат и крстосувачите во локалните пристаништа.

Нов Зеланд ги затвори своите граници во март 2022 година поради пандемијата на коронавирус.

Целосното отворање на границата кон крајот на јули доаѓа неколку месеци порано од претходната владина временска рамка и значи дека сите патници на кои им е потребна виза, вклучувајќи туристи, работници, семејства и студенти, ќе можат да влезат во земјата.

Ардерн во говорот на деловен ручек во Окленд рече дека отворањето на границите ќе помогне да се намали недостигот на квалификувани работници и да се отвори туризмот.

„Ние се надоврзуваме на нашиот докажан план да ја обезбедиме економската иднина на Нов Зеланд“, рече таа.