сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пред 15 години победи на Евровизија, а овој светец кој прави чуда и помогна во тоа – од тој ден Марија Шерифовиќ ја слави оваа слава (ФОТО)

Пред 15 години победи на Евровизија, а овој светец кој прави чуда и помогна во тоа – од тој ден Марија Шерифовиќ ја слави оваа слава (ФОТО)

Денес Марија Шерифовиќ има посебна причина за славење, бидејќи во 2007 година во Хелсинки победи на Евровизија со песната „Молитва“ и со тоа го однесе престижното натпреварување во Србија.

Една од најдобрите пејачки на балканот го сподели ова сеќавање на својот Инстаграм профил, она што е многу интересно е тоа што Марија започна да ја слави славата Свети Василиј Острошки на 12ти мај 2007 година.

Тој 12.05.2007 година остана длабоко врежан во меморијата на ситe, а Марија тогаш стана првиот претставник на Србија што ја однесе Евровизија во Белград.

Песната „Молитва“ стана една од најслушаните песни, како во регионот, така и во целиот свет, а многу странски музичари сè уште ја пеат во оригинал.

Во една прилика пејачката откри дека токму светецот кој се прославува денес Св. Василиј Острошки и ја донел победата на Евровизија, а по тој повод денес објави и фотографија од манастирот.

Најнови вести