недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Велес, расчистени четири тешки кражби

Приведен крадец во Велес, расчистени четири тешки кражби

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес кој се сомничи дека ноќта помеѓу 09 и 10.05.2022 извршил четири тешки кражби во три продажни објекти и градинка на подрачјето на Велес.

Како што информира МВР, лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.