вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски по победата на Украина на Евровизија: Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа

Зеленски по победата на Украина на Евровизија: Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на Украина на Евровизија на Фејсбук објави: „Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа“.

– Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран, наведе Зеленски.

Тој му се заблагодари на Калуш Окрест за нивната победа и на сите што гласаа за Украина.

Сигурен сум дека не е далеку нашиот победнички хор во борбата против непријателот. Слава на Украина, напиша Зеленски на Фејсбук.

На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“.  (МИА)