сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговори на НАТО

Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговори на НАТО

Шведска праќа дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на земјата околу шведскиот план да му се приклучи на НАТО, јави Би-Би-Си.

Потегот е во моментот кога се очекува Шведска официјално да се огласи околу барањето за влез во Алијансата. Финска веќе потврди дека ќе поднесе барање за членство.

Турција, што е сојузник на двете држави, соопшти оти нема да гледа позитивно на нивните апликации. Претседателот Таип Ердоган изјави дека „скандинавските земји се куќи за гости за терористички организации“, пишува Би-Би-Си. (МИА)