сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка меѓу „Фиат“ и „БМВ“

Три лица повредени во сообраќајка меѓу „Фиат“ и „БМВ“

На 15.05.2022 во 18:05 часот во ОВР  Гостивар било пријавено дека на улица „ЈНА“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.К.(24) од Гостивар и патничко моторно возило „бмв“ со германска национална ознака, управувано од С.С.(51) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.К., додека со телесни повреди се здобиле Е.Н, сопатник во товарното возило и возачот С.С., констатирани во Општа болница Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.