Мнозинството партии се изјаснија „за“ барањето на Шведска за членство во НАТО за време на денешната дебата во Парламентот.
Владејачките социјалдемократи на премиерката Магдалена Андерсон веќе соопштија дека планираат да аплицираат за приклучување кон западната воена алијанса.
Во забелешките испратени до пратениците Андерсон нагласи дека „во Шведска ома многу што вреди да се брани, а Шведска најдобро се брани во НАТО“.
Главната опозициска Умерена партија, исто така, го поддржува приклучувањето.
Во обраќањето пред пратениците Андерсон изјави дека ја препознава историската промена во безбедносната политика на земјата која се подготвува да поднесе барање за членство во НАТО.
– На Шведска и требаат оние формални безбедносни гаранции кои доаѓаат со членството во НАТО, рече Андерсон, додавајќи дека Шведска работи заедно со соседна Финска.
Собраниската расправа за влез во НАТО се очекува да биде формалност, бидејќи има јасно мнозинство пратеници за влез во Северноатлантската алијанса, а подоцна денеска најверојатно ќе се испрати и официјално барање за прием на Шведска во 30-члената западна воена алијанса.