сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон ја прифати оставката на Кастекс, медиумите ја најавуваат Борн за негова наследничка

Макрон ја прифати оставката на Кастекс, медиумите ја најавуваат Борн за негова наследничка
EPA-EFE/GONZALO FUENTES / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифати оставката на премиерот Жан Катекс, соопшти денеска Елисејската палата.

Кастекс денеска поднесе оставка до претседателот на Републиката, која тој ја прифати.

Медиумите пишуваат дека нов премиер ќе биде актуелната министерка за труд, Елизабет Борн.

Претходно денеска, Кабинетот на премиерот соопшти дека Кастекс поднел оставка до претседателот Емануел Макрон.

Британските медиуми пренесуваат дека оставката на Кастекс ја овозможува долго очекуваната реконструкција на владата по претседателските избори во април, на кои Емануел Макрон го доби својот втор мандат.

Макрон, кој се очекува да испрати сигнал дека ги слушна пораките од гласачите изразени со слабиот одѕив и големата поддршка за радикалната крајна десница и крајна левица, вече изјави дека бара кандидат за премиер „ со зелена и социјална политика“.

Неговите сојузници соопштуваат дека најверојатно тој ќе назначи жена за нов премиер, која ќе прва откако Едит Кресон на кратко имаше оваа функција додека на почетокот на 90-тите години на минатиот век претседател на Франција беше Франсоа Митеран.