Финска и Шведска ќе можат да постигнат договор со Турција за приговорите на Анкара за приклучувањето на двете нордиски земји во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.
– Изјавите од Турција многу брзо се сменија и станаа посериозни изминатите денови. Но, сигурен сум дека со конструктивен дијалог ќе ја решиме ситуацијата, тврди Нинисто.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно најави дека делегациите на тие две земји наскоро ќе ја посетат Турција со цел да ја убедат Анкара да го одобри нивниот прием во НАТО. (МИА)