вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина тврди дека Русија извршила напад со крстосувачка ракета

Украина тврди дека Русија извршила напад со крстосувачка ракета

Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека руска крстосувачка ракета лансирана од морето во текот на ноќта погодила инфраструктурни цели во близина на Лавов.

Од друга страна, Русија објави дека уништила пратка со американско и европско оружје.

Според регионалниот гувернер, погодена е железничка инфраструктура. Русија ги напаѓа сообраќајните центри и складиштата за гориво во близина на Лавов во обид да ја попречи испораката на оружје.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски ракети погодиле и уништиле пратки со американско и европско оружје во регионот Лавов во западна Украина.