четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Играчот на Лајпциг е најдобар во Бундеслигата

Играчот на Лајпциг е најдобар во Бундеслигата

Офанзивниот играч на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку е прогласен за најдобар играч на сезоната во Бундеслигата, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Французинот зад себе ги остави Роберт Левандовски, Ерлинг Халанд и Патрик Шик.

„Нкунку е еден од шесте различни играчи кои ги освоија наградите за играч на месецот. Но, разликата е во тоа што тој ја доби наградата четири пати: во октомври, февруари, март и април“, објавија од раководството на Бундеслигата, објаснувајќи дека наградата се доделува од сезоната 2018/19 во соработка на лигата и ЕА Спортс. Во одлуката учествуваат гласовите на навивачите со 40 отсто, со 30 клубовите и 30 експертите.

Францускиот фудбалер постигна 20 гола на 34 натпревари во Бундеслигата, а додаде и 13 асистенции.