Неименуван претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА изјави дека Турција ги блокираше пристапните преговори на Финска и на Шведска за членство во Северноатлантската алијанса.
Поради тоа Северноатлантскиот совет, раководното тело на НАТО, не можеше да донесе одлуката, како што беше планирано, за отпочнување на процесот на пристапување.
Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија мината недела.
Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара не може да прифати проширување на Алијансата, а да ја загрози безбедноста на Турција. Тој ги обвинува Шведска и Финска дека го поддржуваат тероризмот.