Формула 1 шампионатот сезонава ќе биде заокружен со 22 трки, одлучи денеска раководството на оваа натпреварување.
Долго се чекаше на одлуката за тоа дали и кога ќе има замена за откажаната трка во Русија, за на крајот да биде решено да има една трка помалку од првично планираното.
Натпреварувачкиот календар за 2022 година сега е затворен и јасно е дека нема да има промени до крајот на сезоната, а за тоа се консултирани и клубовите учесници. Трката во Сочи требаше да се вози на 25. септември, но беше откажана уште по почетокот на руската инвазија во Украина.
Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози во Шпанија веќе претстојниот викенд.