сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

МАТЕЈ ДОНЕСЕН ВО МРТОВЕЧНИЦАТА – таткото на исчезнатото момче едвај ќе ги издржи овие сцени, се огласи и премиерот на Хрватска (ВИДЕО)

МАТЕЈ ДОНЕСЕН ВО МРТОВЕЧНИЦАТА – таткото на исчезнатото момче едвај ќе ги издржи овие сцени, се огласи и премиерот на Хрватска (ВИДЕО)

Откако преходно денес се потврди дека пронајденото тело од водите на реката Дунав е на исчезнатото младо момче од Сплит, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на денешната седница на Владата изрази сочувство до семејството на Матеј Периш.

„Изразуваме сочувство до семејството на Матеј Периш. Разговарав со неговиот татко, жал ни е, благодариме на српската полиција. Таму е и претставник на хрватската полиција“, изјави Пленковиќ.

Инаку телото на Матеј во моментов е пренесено од Институтот за судска медицина во мртовечницата каде очекува да биде преземено од неговото семејство, т.е татко му, но во следните денови.

Вработен во погребалната служба за српските медиуми изјавил дека телото е во мртовечницата, но нема да се земе и транспортира денес.

Видео: Република.рс