Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 веќе започна да ја формира екипата за следната натпреварувачка сезона 2021/2022.
Потсетување дека од претходно се договорени Црногорецот Божо Анѓелиќ (среден бек), десниот словенечки бек Нејц Цехте, како и португалскиот ракометар Жилберто Дуарте. Руските медиуми објавија дека Павел Андреев ќе биде новиот пивот на Вардар. Според зборовите на рускиот играч договорот со скопските „црвено-црни“ е веќе потпишан.
Андреев кој досега ги бранеше боите на Чеховски Медведи, а настапи за најдобрата руска репрезентација на Европското првенство во 2020 година.