Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.
Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.
Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.
Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи.
Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на празникот, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.