петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стефан Ристовски во идеалниот тим на сезоната во Хрватска

Стефан Ристовски во идеалниот тим на сезоната во Хрватска

Македонскиот репрезенттивец, Стефан Ристовски се најде во идеалниот тим на сезоната во првата лига на Хрватска.

Динамо Загреб ја одбрани титулата, а еден од најконстантните играчи беше токму нашиот дефанзивец кој настапи на 30 натпревари, даде еден гол и запиша пет асистенции. Тој доби оценка 7.22 што беше доволно за де биде дел од најквалитетната одбрана во шампионатот.

Сосема очекувано Динамо има најмногу претставници во најквалитетната единаесетка, покрај Ристовски тука се Петар Бочкај, Јосип Шутало и Јосип Мишиќ.