сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Асенсио, Фати и Алкантара се вратија во националниот тим

Асенсио, Фати и Алкантара се вратија во националниот тим

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, го објави списокот на играчи за четири натпревари во Лигата на нации во јуни.

На списокот од 25 играчи се најде и фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, кој поради повреди нема играно за националниот тим од натпреварот од Лигата на нации против Украина во октомври 2020 година.

Во репрезентацијата се врати и напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, кој последен пат за Шпанија играше во ноември 2020 година, односно во поразот од Германија со 6-0 во Лигата на нации.

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара беше повикан во националниот тим за прв пат по Европското првенство минатата година. Тијаго се повреди на последниот натпревар на Ливерпул во Премиер лигата, но Енрике изјави дека повредата не изгледа сериозно.

На списокот на Енрике се најде и Серхио Бускетс кој го пропушти последниот собир поради повреда, додека поради повреди ќе отсуствуваат Педри, Микел Ојарзабал, Џереми Пина, Џерар Морено, Давид де Хеа.

Шпанската фудбалска репрезентација, која минатата година загуби од Франција во финалето на Лигата на нации, првиот натпревар од групата 2 ќе го одигра во Севиља на 2.јуни против Португалија.